Ципрас: Ако не постоеше Договорот од Преспа, денес Турција ќе беше и на нашата северна граница

Од:

Ако не постоеше Договорот од Преспа, денес Турција немаше да биде само источно и југозападно од нас, бидејќи Турција е и во Либија, ќе беше и на нашата северна граница, рече лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во синоќешното интервју за четири грчки регионални телевизии, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас, говорејќи за грчко-турските односи, кусо се осврна и на Договорот од Преспа и ги спомена трите меморандуми со Северна Македонија, кои сѐ уште не се ратификувани во Парламентот, упатувајќи критики до актуелната грчка Влада и премиерот Мицотакис.

-Не е сериозна слика за земјата тоа што веќе една година не ги носи за ратификација клучните аспекти на Договорот од Преспа, Меморандумите за соработка, што се корисни за Грција, бидејќи нема самодоверба или доверба дека неговите пратеници ќе ги гласаат. Мисли дека меѓународната заедница не го гледа ова? Дека нашите соседи не го гледаат тоа? Не гледаат дека е слаб премиер во однос на ова? Не сакам да говорам многу за Договорот од Преспа. Само една работа ќе кажам: ако не постоеше Договорот од Преспа, денес Турција немаше да биде само источно и југозападно од нас, бидејќи Турција е и во Либија, ќе беше и на нашата северна граница, рече Ципрас.

Би можело да ве интересира

Грчки дипломатски извори за АНА-МПА: Договорот од Преспа не може еднострано да се промени

Предраг Петровиќ

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Почна примената на правилата од Преспанскиот, од земјава се излегува само со Северна

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд едногласно одлучи да не се поведе постапка за Преспанскиот договор

А1он

Заев: Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Преспанскиот договор кој се однесува на патоказите