Чулев: Зградата на М – НАВ претставува објект од критична инфраструктура од исклучителна важност за функционирањето на државата, сторителите на делото треба да бидат најостро санкционирани

Од:

Зградата на М-НАВ претставува објект од критична инфраструктура кој е од исклучителна важност за функционирањето на државата, но и за безбедноста на меѓународниот воздушен сообраќај. Упадот во ваков објект е безбедносен скандал од меѓународни рамки за кој треба да се понесе одговорност и истиот мора најстрого да биде санкциониран.

Ова во денешната објава на својата Фејсбук страна го потенцира поранешниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев нагласувајќи дека ваквиот говори за сериозно непочитување на безбедносните протоколи и потфрлување на институциите кои се задолжени за безбедноста, односно за кривично дело Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“ за кое според кривичниот законик, превидена е казна затвор од пет до десет години.

Во својата објава Чулев упатува силна поддршка, но и благодарност до синдикатот и професионалците во оваа институција за кои како што вели „по цена на својот живот и своето работно место, решиле да истраат во намерата да го заштитат М-НАВ и безбедноста на македонското небо“.

Поранешниот министер го повика Mинистерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство, во најкраток рок да ги санкционираат учесниците во вчерашниот настан, а владата веднаш да го разреши раководството на институцијата, чиј основач е државата, а која треба да функционира согласно пропишани европски и светски стандарди.

Чулев смета дека Министерството за внатрешни работи согласно Законот за приватно обезбедување треба да утврди пропуст во постапувањето на агенцијата 2СС од Кичево, што го обезбедува објектот, и преку

Би можело да ве интересира

Обвинителство: Осомничените во М-НАВ не можат веќе да влијаат на постапката, затоа е укинат притворот

Укинат притворот за шестмината во М-НАВ: обвинителство побара, судот одлучи

Предраг Петровиќ

Обвинителство: Лишени од слобода сите осум лица за упадот во М-НАВ

Предраг Петровиќ

Притвор за осомничениот за М-НАВ кој беше уапсен на границата со Косово

Обвинителството смета дека куќниот притвор за Незири и тројцата осомничени не се доволна мерка, но не може да се жали

Куќен притвор од 30 дена за четворицата за упадот во М-НАВ

Предраг Петровиќ