Чулев: Состојбата на терен е мирна, најголем дел од граѓаните ги почитуваат мерките

Од:

Полициските службеници не се сами во извршување на нивните обврски, тука е поддршката од мене и поддршката од сите граѓани кои со почитување на одлуката на Владата покажуваат исклучителна почит кон униформираните лица кои се грижат за нашата безбедност и нашето здравје.

Ова го истакна министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев при синоќешната посета на полициските пунктови на територијата на Град Скопје, преку кои полициските службеници го контролираат спроведувањето на одлуката на Владата со кое се ограничува движењето на граѓаните во периодот од 21 до 06 часот.

Состојбата на терен, како што истакнал Чулев, е мирна и најголемиот дел од граѓаните ја почитуваат одлуката на Владата.


Според министерот Чулев, со силна меѓусебна поддршка можеме заеднички да придонесеме во борбата против вирусот, кој е заканата за нашето здравје и нашите животи, и апелира до граѓаните да останат во своите домови, за себе за своето здравје и за својот живот.

– Министерството за внатрешни работи вечерва ќе постапи превентивно, односно ќе ги предупреди граѓаните кои го прекршуваат ограничувањето на движењето, а веќе во текот на утрешниот ден полициските службеници ќе преземаат мерки за санкционирање на граѓаните, истакнал Чулев при вчерашната посета.

Би можело да ве интересира

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он