Чулев предлага да се затворат сите гранични премини во земјава

Од:

На денешната седница на Кризниот штаб, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев предложил да се затворат сите гранични премини за влез во државата.

„Оваа одлука очекувам попладне да биде потврдена од страна на Владата и да важи за сите патнички возила кои влегуваат во државата, освен за македонските државјани и кај оние каде има посебен економски или државен интерес“, напиша Чулев на својот официјален профил на „Фејсбук“.

Тој повтори дека е стабилна безбедносната состојба во општините Дебар и Центар Жупа и дека во изминатото деноноќие, на целото подрачје на двете општини каде е прогласена кризна состојба не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир, нема кражби или други имотни деликти и нема сообраќајни незгоди.

Засега, затворени се сите гранични премини во земјава освен Богородица, Деве Баир, Ќафасан и Блаце.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ