Чулев негира дека МВР ги платило двата „Ајфона“, уредите биле набавени со субвенција

Од:

Кабинетот на техничкиот министер, Наќе Чулев, по неколку часа од објавата дека тој набавил два уреди марка „Ајфон“ чија вредност е 170 илјади денари, одговори на дел од прашањата испратени од „А1он“. Тие со одговорот ја потврдија информацијата дека телефоните биле наменети за министерот Чулев и неговиот шеф на кабинет, но и демантираат дека биле платени пари.

Во однос на начинот на кој се платени телефоните, од Кабинетот на Чулев потенцираат дека министерот користел субвенција на министерството, кое пак, има договор со „Македонски Телеком“. Станува збор за пари што се доделени на МВР по претходно склучен договор, а се користат за набавка на уреди за вработените.

„Станува збор за спроведена јавна набавка како резултат на договор кој Министерството за внатрешни работи го има склучено со ‘Македонски телеком’ во време на тогашниот министер Оливер Спасовски, а кој произлегува од правилникот за користење на службени мобилни телефони и на службени претплатнички идентфикациони модули во МВР кој исто така е потпишан од страна на тогашниот министер Оливер Спасовски. Според тој договор конкретната тарифа, предвидена во правилникот во износ од 2740 денари претплата за позицијата „министер за внатрешни работи“ дозволува субвенциониран телефон задолжен на лично име на корисникот на телефонот во случајов министерот и неговиот шеф на кабинет. Со оглед на тоа што МВР е корисник кој како резултат на големиот број на услуги што ги исползува од ‘Македонски телеком’ добива одредени субвенции на мобилни апарати без дополителна надокнада или фискални импликации по буџетот на МВР, и во даденава ситуација овие апарати се добиени на тој принцип за потребите на Кабинетот на министерот“, велат од Кабинетот на министерот Наќе Чулев.

„А1он“ дополнително провери, а од договорот се гледа дека е потпишан од Оливер Спасовски како тогашен министер за внатрешни работи, но тој во изминатите три години додека раководел со МВР, немал набавено телефонски апарат на сметка на МВР, користејќи ги средствата со кои Чулев ги набави двата „Ајфона“.

Јавната набавка е за телекомуникациски услуги, а не за телефони, кои сепак имаат цена и не се добиваат бесплатно. Цената на уредите е вкалкуирана во субвенциите и идната претплата. Чулев зел два уреди  во вредност е 170 илјади денари, а можел да се одлучи и за 10 уреди од по 17 илјади денари за повеќе вработени во МВР.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он