Чулев не одговори, а Петровска тврди дека носела маска при контактот со заболените вработени во бифето

Од:

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, не одговори конкретно дали имал контакт со заразените вработени во бифето на Министерството за внатрешни работи. Тој за „А1он“ посочи дека е побарано од министерот Венко Филипче најитно да се направи епидемиолошка анкета на вработените, но и дека во министерството се преземаат сите мерки за заштита на вработените.

„Од страна на стручните служби во МВР е остварен контакт со епидемиолози и во тек е преземање на понатамошни мерки. Утрово јас и дополнителниот заменик-министер, Петровска, остваривме контакт со претседателот на Комисијата за заразни болести, Караџовски и со министерот за здравство, Филипче при што е побарано најитно да се направи епидемиолошка анкета на вработените“, одговори Чулев.

Дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска за „А1он“ вели дека изминатава недела имала контакт со заразените од коронавирус кои работат во бифето на МВР, но тоа било согласно препораките, односно со носење на маски за заштита.

„Мојот последен контакт со колегата беше во вторникот, при што двајцата носевме маски, а со колешката во петокот исто така со маски. На двајцата им посакувам побрзо закрепнување и да немаат компликации, а за мојата изолација ќе одлучат епидемиолозите. Во тек е епидемиолошка анкета. Упатувам апел до сите, на прашањата кои ви се поставуваат при анкетите кажувајте ја вистината, само така ќе превенираме вирусот да се шири“, вели Петровска.

Засега нема одговор од МВР дали двајцата вработени во бифето имале претходен контакт со веќе заболените од изминатата недела, меѓу кои се двајца од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, советник на министерот Чулев и вработен во Одделот за обезбедување на објекти и личности.

Инаку, „А1он“ веќе објави двајцата заболени кои работеле во бифето правеле кафиња и служеле пијалаци на дел од вработените во зградата. Бифето во кое работеле е лоцирано на четвртиот кат во зграда на МВР, каде се наоѓа и канцеларијата на советникот на Наќе Чулев, за кого министерот во средата соопшти дека е заразен со вирусот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ

МВР: Нови случаи на фотографирање и кинење на гласачко ливче

Горан Наумовски

МВР: Петмина гласачи си ги фотографирале гласачките ливчиња

Горан Наумовски

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Лични документи можат да се подигнат и в среда на денот на изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Бојмацалиев: Одделенијата за внатрешни работи во Кочани и Берово подготвени за претстојниот Изборен процес