Чулев: МВР не би сакало да врши притисок врз верските заедници

Од:

На жалбите од верници од ИВЗ дека полициски службеници ги замолувале да немаат молитви за празникот Рамазан Бајрам, техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев со став дека Координативното тело при МВР донело одлука припадниците на МВР превентивно да делуваат во насока на спречување на било какви поголеми собири или кршење на мерките.

Министерот Чулев ја пофали денешната превентивна акција на струмичката полиција за делење маски и ракавици и додаде дека такви акции МВР секојдневно реализира.

– Постапувањето на МВР беше во насока да им се укаже на припадниците на верската заедница, односно на свештениците, да постапуваат согласно одлуките и мерките на Владата, а не да не се одржуваат верски молитви, туку сите тие молитви да бидат правени согласно мерките и одлуките на Владата. Значи, Министерството за внатрешни работи во никој случај не би сакало да врши притисок врз верските заедници во нормално извршување на нивните верски обреди, рече Чулев за време на дешната посета на Струмица.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски