Чулев: Има најави дека од 7 до 10 дена ќе пристигне пратка со патни исправи

Од:

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска од Битола информира дека ситуацијата со патните исправи ќе се стабилизира и се очекува порано од 24 март да пристигне првата пратка со патни исправи.

– Имаме најави за 7 до 10 дена да пристигне првата пратка со патни исправи и во тој дел состојбата со патните исправи ќе се релаксира, изјави тој.

Во однос на корона-вирусот, на прес – конференцијата во Битола беше информирано дека МВР има преземено активности и во тие рамки  граничната полиција дели печатен материјал со информации поврзани со мерките кои се преземаат за заштита од корона-вирус, а на вработените им се дадени заштитни маски и ракавици.

– Ќе спроведеме итна јавна набавка за заштитна опрема и дезинфекциони средства за сите вработени во МВР да бидат соодветни заштитени. Инаку во овој момент МВР е ангажирано за 24 часовно обезбедување на еден објект во Скопје и 4 објекти во Струмица каде согласно насоките од Министерството за здравство, лицата кои живеат во тие објекти се во карантин, потврди Чулев.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби