Чулев до Петровска: Службите ќе излезат со докази за злоупотреби кои функционерите на СДСМ ги правеле во министерството

Од:

Техничкиот министер Наќе Чулев преку социјалните мрежи и порача на неговата заменичка Славјанка Петровска дека е дојдено времето кога ќе се направи ревизија, на како што вели, незаконското работење во Министерството за внатрешни работи. Реакцијата доаѓа по интервјуто на Петровска за „А1он“, каде кажа дека избрзаните телеграми на Чулев се причината што јавноста смета дека се случува хаос во Минситерството за внатрешни работи, а последниците од нив чекаат да бидат средени. Техничкиот министер Чулев посочи „налогодавците на дополнителнителната министерка се уплашени“.

„Кога зборува за злоупотреба на позицијата министер за внатрешни работи, веројатно мисли на сите злоупотреби кои високите функционери на СДСМ кои беа дел од Министерството за внатрешни работи, ги правеле во изминатиот период, а за кои службите на министерството наскоро ќе излезат со конкретни докази. Веројатно, на дополнителната министерка важно и е само да ги заштити тие функционери од одземањето на службените возила, а правата на вработените во МВР ниту и се важни, ниту пак се дел од нејзината дневна агенда“, пишува во објавата на Чулев.

Техничкиот министер Чулев смета дека Министерството за внатрешни работи мора да функционира согласно правилата и законите, а истото во интервјуто за „А1он“ го потенцираше Петровска, додавајќи дека минситерството не може да функционира врз база на ад хок телеграми кои се издаваат преку ноќ.

„Министерството мора да биде вистински сервис на граѓаните, а не биде ‘држава во држава’. И додека јас со мојот тим работам на обезбедување фер, мирни, слободни, демократски избори и додека креираме политики кои треба да ја подигнат безбедноста на граѓаните, некој троши време за обвинувања преку медимите и со тоа се обидува да ги замајува граѓаните. Колешката посочи дека сме започнале да градиме добра комуникација, јас се надевам дека таа комуникација ќе продолжи да се одвива преку заедничките работни средби во МВР, а не преку медиумите на база на шпекулации и дезинформации. На крајот ќе потенцирам дека за мене како министер во МВР и како човек кој долго време е во безбедносната област најважно е за граѓаните на Република Македонија да обезбедиме фер, кредибилни и демократски избори“, пишува во остатокот од објавата на Чулев.

Техничкиот миниситер во објавата вели дека ќе ја гарантира безбедноста на целата држава, а со тоа ќе го продолжи патот државата кон Европската унија.

Би можело да ве интересира

Чулев: Во моментот на инцидентот во М-НАВ имало 40 прелети, авион оставен да кружи

Наќе Чулев: Јас ја реактивирав истрагата за пасошите, Спасовски чекаше предолго да ја заврши

Жарко Настоски

Чулев: МВР не беше информирано за набавката на софтверот на Рашковски

Жарко Настоски

ВИДЕО: Условна затворска казна за советникот на Чулев кој нападна началник од Тетово

Наќе Чулев добил позитивен резултат на корона-тест

Жарко Настоски

ВИДЕО: Отказ за советникот на Чулев кој нападна началник и предизвика инцидент за време на полициски час

Кристијан Ландов