Човечки череп и коски пронајдени на депонија во Берово

Од:

Човечки череп и коски најдени се во местото Црвен Брег, во близина на депонија за градежен отпад во Берово.

Како што е наведено во полицискиот билтен, завчера околу 14:30 часот во Полициската станица Берово, А.С. (43) од Германија, со престојувалиште во Берово, движејќи се во местото „Црвен Брег“, во близина на депонија за градежен отпад, забележал дел од череп кој наликувал на човечки.

По вчерашниот извршен увид од екипа од ПС Берово во непосредна близина пронајдена била и вреќа во која имало коски кои наликувале на човечки. Коските биле подигнати од местото на настанот од страна на увидна екипа од ПС-Берово за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби