Членството на ВМРО-ДПМНЕ се мобилизира во пресрет на протестот на опозицијата

Од:

Редакцијата на А1ON дојде до пораки преку кои владејачката партија се обидува да ги организира своите членови со цел преку различни методи да го опструира големиот протестен митинг што СДСМ го најавуваат на 17-ти мај.

Партијата ги мобилизира своите членови да одат кај граѓаните и да ги дезинформираат дека опозицијата планира да изведе „црно сценарио“.

Задолжение за Координирани на ИЕ

1. Преку координаторите да се задолжат сите претседатели на ОО да започнат акција „од врата на врата“. Во контактите со граѓаните да се објаснува дека СДСМ и Заев на 17-ти посакуваат црно сценарио во кое ќе бидат вклучени луѓе од подземејето. Нивната цел е да има немири, а се оди до таму да се посакува најлошото, да има жртви. Акцијата треба да се реализира ИТНО со формирање на тројки.

2. Важно е да се спроведе и FB кампања од партиските fb профили и од профилите на целото членство

3. Задолжение за претседателите на ОО:

Да назначат координатор кој ќе изготви список на fb профили на членството.
Сите материјали кои се објавуваат на интернет порталите и ја поддржуваат политиката на Коалицијата да се споделуваат и лајкуваат.

За сите активности да се доставуваат дводневни извештаи.

11257722_10204123196984464_1979019363_n

11267307_10204123216144943_237145773_n

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник