Членовите не го послушаа Груевски, потфрли протестот пред Кривичен

Од:

Потфрли протестот пред Кривичниот суд, на кој повика ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на партијата, Никола Груевски.

Eкспремиерот на официјалната страница на Фејбук пред повеќе од 8 часа напиша „Повик до сите граѓани кои не се согласуваат со антидржавната политика на СДС да излезат на протест пред Основниот суд Скопје во 13:30 часот“.

На страницата на ВМРО-ДПМНЕ беше објавено: „ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите членови и симпатизери на партијата и сите граѓани кои не се согласуваат со антидржавната политика на владеачката хунта да излезат на протест пред основниот суд Скопје во 13:30 часот.“

Но, протестот, иако беше најавен на социјалните мрежи и на официјалната страница на партијата, не беше масовен. Денеска на протест пред судот излегоа едвај стотина поддржувачи, симпатизери и членови на партијата, меѓу кои, пријатели и роднини на дел од приведените.

Меѓу нив можеше да се забележат сопругата на ексминистерот и директор на БЈБ, Митко Чавков, Јасмина, која беше дојдена да даде поддршка заедно со синот Иван.

Но, освен неколкумина ексфункционери, заедно со лидерот на партијата, Никола Груевски, на собирот, не можеа да се забележат поранешните високи функционери на партијата, кои што беа на високи раководни позиции изминатите 10 години, како Гордана Јанкулоска, Зоран Ставрески, Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова.

В. М.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски