Членови на групата „Пријатели на Македонија“ во ЕП во посета на Скопје

Од:

Членови на неформалната група за поддршка на Република Македонија во Европскиот парламент „Пријатели на Македонија“ престојуваат во Скопје, на покана на министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Делегацијата ја сочинуваат претседателот на групата, германскиот европратеник Мартин Кастлер и европратеникот Туне Келам од Естонија, двајцата од редовите на Европските народни партии.

Покрај средбата со министерот Попоски, предвидено е европратениците да се сретнат со претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, со премиерот Никола Груевски, како и со свои колеги во македонското Собрание.

Во фокусот на разговорите со европратениците ќе биде напредокот на Република Македонија во исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ и перспективите за отпочнување на преговорите за членство. Се очекува да стане збор и за натамошното продлабочување на соработката со Европскиот парламент, кој дава јасна и недвосмислена поддршка за европскиот интегративен процес на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

МНР на бугарскиот амбасадор Радуков му упати усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“

Горан Наумовски

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби