Членка на Левица по протестот нападната од машки маскирани лица

Од:

Синоќа по протестот, околу 1:30 часот по полноќ, додека се враќала кон својот дом, била нападната наша другарка – членка на нашиот Централен комитет. Пресретната е во темна уличка од две машки лица кои носеле маскирни капи. Лицата ѝ пришле, викајќи ѝ: „Ќе видите вие дали нема правда!“ – по што ја удриле неколку пати, нанесувајќи ѝ лесни телесни повреди.

Тоа е вистинското лице на овој монструозен режим!
Групи маскирани насилници напаѓаат лица кои се борат за правда, користејќи го уставно гарантираното право на протест!
Затоа режимот мора да падне! Затоа мора да истраеме во борбата! За да не се плашиме веќе кога ќе се враќаме кон своите домови, напишаа од Левица на својата Фејсбук страна.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира