Член на избирачка комисија го сликал гласачкото ливче

Од:

Претседателот на Општинската изборна комисија Кисела Вода пријавил дека вчера за време на гласањето на старите и немоќни лица по гласањето на лице кое што гласало во својот дом член на комисијата го сликал неговото гласачко ливче.

За време на гласањето во домот присуствувале претседателот и тројца членови на избирачката комисија.

Исто така до МВР пријавено е дека претставник на политичка партија го сликал кочанот со гласачки ливчиња (горната корица на кочан со број на гласачко место и сериски број на прво и последно гласачко ливче) на избирачкото место број 2743.

А кочанот со гласачки ливчиња бил фотографиран и на гласачкото место број 2746 во Кисела Вода од страна на претседателот на Избирачкиот одбор.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори