Чижов: Постои алтернатива на европските интеграции на Балакнот

Од:

Рускиот амбасадор во ЕУ, Владимир Чижов изјави дека неговата земја може да и понуди алтернатива на Македонија, на Западен Балкан и на која било друга земја, бидејќи „секогаш постои алтернатива на евроатланските интеграции“, пренесе Танјуг.

Запрашан за типот на влијание на Русија во Македонија, во однос на влијанието на Западот, што го вклучува и финансирањето од ЕУ, Чижов вчера, пред избрана група новинари, истакна дека евроатланската стратегија на Македонија се сооочува со одредени тешкотии, што не се врзани за актуелната криза.

„Што Русија би можела да понуди? Секако, секогаш постои алтернатива на евроатланската интеграција, како што некои земји размислуваат, други го избираат спротивното. Но, секако нема да кажам дека евроатлантскиот пат е единствен достапен за земјите од Балканот или која било друга земја“, рече тој.

Како што пренесува бриселскиот портал Еурактив, Чижов нагласи дека Москва „за разлика од САД и ЕУ, не се меша во политичката криза во Македонија“.

– Веруваме дека крајната цел е зачувување на Македонија како единствена земја, да се зачува нејзиниот Устав и на политичките сили да им се овозможи да се договорат за тоа како да продолжат понатаму, рече Чижов.

Тој повтори дека лично смета дека веројатно требало да се одржи нов круг избори во Македонија.

Зборувајќи за изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието, Чижов оцени дека тоа претставува „јасно кршење“ на правилата на македоскиот Парламент и постојните закони.

Според него, Џафери е „етнички Албанец со поинаква историја на учество во вооружените активности во земјата“.

Од друга страна, Чижов го пофали македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов за неговата непоколебливост во заштитата на уставниот поредок на земјата. Тој, според него, се наоѓа под притисок на Западот за да му го даде мандатот за формирање на нова влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Кога тоа ќе се случи, секако, тие треба да одлучат“, рече Чижов додавајќи дека „не може да се направи излез од политичката криза со уништување на столбовите на земјата“.

„Го видовме тоа доста на други места во претходните години“, рече Чижов, додавајќи со насмевка дека „Балканот е заразна болест“.

Би можело да ве интересира

Русија и се одмазди на Канада преку кинескиот пазар

Мерц тврди дека Русија испраќа дронови над Германија

(ВИДЕО Масовно труење со алкохол во Русија, повеќе од 40 мртви

А1он

Небензја: Не го признаваме враќањето на санкциите на ОН врз Иран

Стармер: Путин продолжува со немилосрдните напади и мешање низ Европа

Асад преживеа труење, случајот предизвика бројни шпекулации