Чистење пропусти, регулациони корита и канали во Крива Паланка

Од:

Општина Крива Паланка спроведува акција за чистење плочести и пропусти на цевки, отворени канали, канавки и уредени регулациски корита на десетина локации во градскиот и приградски реон.

Од локалната самоуправа информираат дека се ангажирани пет невработени лица за вршење на јавни работи на подрачјето на градот и општината.

– Приоритет е даден на вадење на акумулираниот материјал под плочестите пропусти на магистралниот пат кај големите долови: Куков дол, Трештен и Домачки дол. Паралелно извршено е и чистење на отворениот канал покрај магистралната улица пред зградите на улица „Херој Карпош“ и на отворениот канал од бензинската пумпа до влезот во населбата Бегови бавчи. Спроведено е целосно чистење на уреденото регулационо корито на Белевски дол од браната до вливот во Крива Река, а прочистени се и двата цевчести пропусти под магистралата на влезот во градот, информираат од општина Крива Паланка.

Отстранет е над 50 кубни метри акумулиран земјен материјал, од кој, дел, со помош на јавното комунално претпријатие е транспортиран до соодветна локација, а останатиот дел ќе биде отстранет во наредниот период.

Акцијата продолжува во наредните две недели.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он