Чистење на речните корита во Делчево

Од:

Започна чистењето на речните корита на територијата на општина Делчево.  Како што е предвидено во Акцискиот  план за 2015-2016 година, ќе бидат исчистени  шест делници кои, главно, ги опфаќаат реката Брегалница и нејзините притоки на територијата на општината.

Како што информираат од општина Делчево, моментално се работи на делницата која се протега на делот од гумената преграда во централното градско подрачје, па се  до базата на ГП „Гранит“ . На овој потег се евидентирани  неколку критични точки. Една од критичните точки е лоцирана кај спортската сала во близина на градскиот стадион.
При чистењето ќе се врши машински ископ на речниот нанос, комуналниот и градежниот отпад од коритото на реката, како и сечење на вегетацијата која е внатре во коритото кое  при поплави претставува дополнителна опасност за излегување на реката кон куќите кои се лоцирани на овој потег.

Од општина Делчево потенцираат дека активностите за чистење на речните корита на територијата на општината се вршат согласно со Договор за јавна набавка на работи „Чистење на речни корита на територијата на општина Делчево“ со соодветно издадена водостопанска согласност на од МОЕПП.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза