Чистачката во бугарскиот конзулат во Битола интервјуирала кандидати за пасош, одбила многу барања

Од:

Извесна Весна Котеска, која работела како хигиеничарка во бугарскиот конзулат во Битола ги интервјуирала кандидатите за бугарско државјанство и поради ова многу барања биле одбиени, тврди Ангел Георгиев, бугарски пратеник од партијата „Преродба“.

Вицепремиерката Марија Габриел го испитала тврдењето на пратеникот Георгирев и нејзината контрола покажала застрашувачки прекршоци во конзулатот на Бугарија во Битола.

Марија Габриел назначила увид во дејноста на конзуларната служба која покажала системски прекршувања.

Вицепремиерката Габриел побарала увид во дејноста на конзуларната служба и рекла дека хигиеничарката повеќе нема пристап до архивата и до конзуларното претставништво.

– Немаше докази дека таа правела интервјуа за бугарско државјанство. Сепак, откриените прекршувања се недозволиви – изјави Габриел.

Би можело да ве интересира

Коњановски: Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните

Битолската полиција со апел до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

(ВИДЕО) Коњановски: Целосна реконструкција на центарот за спорт и рекреативни активности во Битола

(ВИДЕО) Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

Горан Наумовски

Лажен лекар од лековерна битолчанка зема 27,000 евра, жртвата касно дозна дека е измамена

Горан Наумовски

Битола добива нов голем хотелски комплекс

Предраг Петровиќ