Чија е наредбата за скандалозното кршење на Деловникот на Уставиот суд?

Од:

По чија наредба беа прекршени членовите од деловниот на уставниот суд? Кој нареди да се објават имињата на судиите кои гласале, не за укинување на Законот за регистер на педофилите, како што објавија дел од медиумите, туку за негово прецизирање, кога и како ќе се објавува регистерот.

А1он вчера извести за скандалозното изнесување на детали од записникот на една телевизија со национална концесија.

Не постои можност официјален записник да биде достапен за јавноста, а гласањето е тајно.

Во Деловникот на Уставниот суд, Службен весник бр.70/92, е регулирано прашањето за гласање на Уставните судии.

Член 48

Кога по одржаната јавна расправа односно одржаната седница Уставниот суд ќе
констатира дека предметот е доволно разјаснет, се пристапува кон советување
и гласање.
Советувањето и гласањето се врши без присуство на јавноста.

Член 50

За советувањето и гласањето се составува посебен записник.
Записникот за советувањето и гласањето содржи:
-датум на советувањето и гласањето, имињата на судиите на Уставниот суд што
-учествувале во советувањето и гласањето, битна содржина на советувањето,
-резултатот на гласањето, усвоената одлука и имињата на судиите што гласале за и против одлуката.
Кон овој записник се приложуваат и писмено образложените издвоени мислења.

Записникот за советувањето и гласањето го потпишуваат претседателот на Уставниот суд и записничарот.
Записникот за советувањето и гласањето се чува во запечатен плик, кој може да се отвори само по заклучок на Судот .

А1он ги консултираше и претседателот на судот, по прилогот вчера на една национална телевизија, и пренесен и од еден портал,  во која го објавија записникот од седницата на која се гласаше за членови од Законот за регистер за педофилите.

Телевизијата и порталот, кои важат за блиски до власта,  по име ги наведе судиите кои гласале за одлуката, за кои и даде оценка дека биле блиски до СДСМ.

Гласањето во уставниот суд е тајно. Бранко Наумовски, претседател на судот прашува  кој го дал записникот. Уште понесфатлива вели реакцијата на министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

„Министерот беше шокиран од одлуката на Уставниот суд, но јас сум шокиран од неговата изјава и оценка за одлука, која очигледно не ја ни прочитал. Ако ја прочиташе ќе видеше дека Уставниот суд не го укинува Законот, туку бара законодавецот да ги отстани нејаностиите во Законот, посебно делот кога, зошто и како се објавува регистерот на педофили. Треба да се преиспита и процедурата и мнозинството со кое е донесен Законот. Инаки ако ме прашате мене јас сум за најстрога казна за педофилите, но Уставниот суд ја ценеше само постапката и усогласеноста со Уставот. Прашувам и што значеше изјавата на министерот дека се надева кај уставните судии дека ќе преовлада разумот? Дали со ова ги кара уставните судии“, вели за А1он, Бранко Наумовски.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО