Чибишев: Шилегов да одговори како за кратко време стекнал два стана

Од:

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Андон Чибишев денеска побара портпаролот на СДСМ Петре Шилегов да одговори како се стекнал со два стана за кратко време во вредност од 160.000 евра.

Според Чибишев, преседан е тоа што вчера Шилегов „агресивно и недолично му се уфрлил на прес-конференцијата на која ги изнесе тврдењата за становите“.

– Самиот чин на агресија, нервоза, избезуменост која што ја покажа  Шилегов е знак колку е високо нивото на очај во редовите на СДСМ. Впрочем, начинот на кој што постапи Шилегов е истиот начин на коишто 25 години наназад делува и функционира СДСМ, а тоа е: лично богатење и бранење на сопствените интереси, скапи автомобили, скап недвижен имот, агресија, нервоза, очај, рече на прес-конференција Чибишев.

Тој побара Шилегов да одговори, како што рече, „како обичен човек како што вели дека е, може за толку кратко време да стекне толкав имот во вредност од неколку стотици илјади евра“?

– Петре Шилегов може да продолжи да ја лаже јавноста дека е жртва на лошото владеење на ВМРО-ДПМНЕ, но Петре Шилегов не смее да не и одговори на јавноста како се заработуваат тешки милиони евра во време на таканаречен „режим”? Петре Шилегов мора во јавноста да излезе со детално образложение колку точно има платено данок на овие милиони кои што тој ги заработил?, наведе Чибишев.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски