Чибишев: СДСМ шири невистини

Од:

Соочени со безидејноста и немањето поддршка за деструктивните политики, СДСМ повторно се користи со начинот кој единствено го знаат, а тоа е ширење невистини, изјави денеска на прес-конференција пратеникот Андон Чибишев од ВМРО-ДПМНЕ.

Чибишев реагираше на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

– ВМРО-ДПМНЕ по стоти пат ќе му одговори дека целокупниот имот, вклучително и зградата на новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ е стекнат по легален пат, со целокупна документација и во транспарентна постапка согласно законските нормативи во Република Македонија, рече Чибишев.

Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше тој, е изградено со јавно-приватно партнерство за кое беше распишан оглас.

– Целокупната изградба на овој објект беше на товар на инвеститорот кој имаше обврска да отстапи најмалку 30 отсто од вкупната бруто развиена површина. Овде нема ништо скандалозно или незаконски, колку и да сака Шилегов нешто да фабрикува, рече Чибишев.

Шилегов, како што кажа Чибишев, и денеска не одговори на прашањето кога ќе им биде вратено на граѓаните тоа што беше приграбено од СДСМ, а наследено од Сојузот на комунисти и беше создаван од парите на сите граѓани на Македонија, а вреди пет милиони евра.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус