26 годишниот Мухарем Егриу, од Дебар е четвртата жртва која ова лето го загуби животот во Дебарското Езеро.
Неговото тело, според извори на полицијата го забележале рибари.
По првичниот увид, било утврдено дека по телото нема траги на насилство.
Увид е извршен од страна на екипа на дебарската полиција и истражен судија од Основниот суд во Гостивар. Телото е дадено на обдукција, по што, ќе се знаат причините за смртта на момчето.