Четворката непослушни од ДУИ му создава „главоболки“ на Ахмети

Од:

На досега неприкосновениот Али Ахмети, четворица пратеници му откажаа послушност.

Четворката Џевад Адеми, Хазби Лика, Зулфи Адили и Рафис Алити нема да гласаат за измените на Уставот, иако ова е партиски став, но и дел од коалицискиот договор Ахмети-Груевски.

Адеми, некогашната „сенка“ на Ахмети вели дека Уставот треба да се смени, но само во начинот на изборот на претседател на државата, што беше и ветување во предизборната кампања на интегративците, додека за Алити е потребна измена која ќе предвиди воведување на бадентеровото гласање во Уставниот суд.

Зa да бидат изгласани амандманите, потребни се 82 позитивни пратенички гласа, кои ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги имаат само доколку сите нивни пратеници гласаат за. Од ДПА се изјаснија дека тие ќе гласаат против.

Најверојатно, ова прашање ќе се остави за по партискиот конгрес на ДУИ што треба да се одржи во март. Но и доколку четворката се предомисли, седницата ќе биде закажана дури за месец јуни, бидејќи до тогаш Ермира Мехмети е на студиски престој во САД.

Владата до Собранието достави амандмани кои се однесуваат на битни: промена на името на Народната банка на Република Македонија; дефинирањето на бракот како заедница меѓу маж и жена; воведување на институтот Уставна жалба; промена на составот на Судскиот совет на Република Македонија; промена на надлежноста за одлучување по жалба на одлуките на Судскиот совет на Република Македонија за избор на судии; прецизирање на фискалните правила во рамките на буџетот и тоа за буџетскиот дефицит и јавниот долг; создавање на Уставна можност за формирање на финансиска зона и измени на Уставот на РМ за дефинирање на Државниот завод за ревизија како уставна категорија.

Т.Ц.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански