Четворица завршија во станица после убиството во Кавадарци

Од:

Во врска со убиството во Кавадарци, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Кавадарци врши увид на лице место во казиното каде настанал инцидентот. Се прибираат траги и докази, а првично задржани се четири лица. Издадена е наредба за обдукција на починатиот и се преземаат и други дејствија, потенцираа од Јавното обвинителство.

Едно лице, родено 1982 година, било убиено при тепачка пред казино во Кавадарци. Оваа информација потврди доктор Антоан Паракеов, раководител на Службата за итна медицинска помош.

– Точно е, имаше убиство при тепачка, утринава околу пет часот, пред казино. Станува збор за смртоносни повреди на глава. Наша екипа доби повик и веднаш беше на лице место, но, констатира дека лицето беше починато, без знаци на живот, појасни докторот.

Би можело да ве интересира

Со нож ја прободе мајка си во вратот – поднесена е кривична за 27 годишникот од Росоман

А1он

Мајката на починатата Јовановска сведочи: Стојанче ја нападна Ивана и во болница

Горан Наумовски

Осомничениот 27-годишен убиец од Росоман сам и се предаде на полицијата

Горан Наумовски

Убиство во Росоман, син си ја закла мајка си

Горан Наумовски

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски