Четворица мажи во Гостивар со палки и клоци претепале две жени

Од:

Основното јавно обвинителство во Гостивар до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против четири лица за кривично дело насилство казниво по Кривичниот законик.

На 22.06.2021 година, четворицата жители на гостиварската населба Циглана, извршиле грубо насилство и ја загрозиле сигурноста, телесно повредувајќи две жени.

Откако една од жените дошла во дворот на еден од обвинетите за да го побара својот сопруг, обвинетиот 45-годишник ја нападнал, ја фатил за коса, ја турнал на земја и почнал да ја удира со клоци.

Му се приклучиле и останатите тројца обвинети, на возраст од 20, 31 и 22 години, удирајќи ја оштетената по целото тело.

Првиот обвинет зел и палка, па продолжил да ја удира. Во тој момент, кон оштетената тргнала уште една жена која сакала да и помогне, но обвинетите ја турнале и таа паднала во бессознание.

Поголем број сведоци на настанот исто така се почувствувале загрозени и повикале полиција.

Кога пристигнале, полициските службеници биле принудени да испукаат неколку проектили во воздух за да ги смират и оттргнат обвинетите. Двете жени во инцидентот се здобиле со телесни повреди.​​

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари