Четворица Британци „хакнале“ фирма од Радовиш, украле 240.000 евра

Од:

Радовишката полиција откри компјутерска измама со која четворица британски државјани успеале да украдат 240.000 евра од фирма од градот, која работела со компанија од Лондон, соопшти МВР.

„Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе една кривична пријава за четворица државјани на Велика Британија, кои во периодот од август до декември 2020 година извршиле кривично дело „Компјутерска измама“ по член 251-б став 3 од Кривичниот законик. Осомничените во повеќе наврати извршиле неовластен упад во електронската комуникација помеѓу правен субјект од Радовиш и правен субјект од Лондон и со менување и прекривање, односно пренасочување на компјутерски податоци доставиле лажни фактури на кои извршиле промена на сметката на која требало субјектот од Радовиш да изврши уплата“, велат од полицијата.

„Врз основа на вака изготвени лажни фактури правниот субјект од Радовиш извршил четири уплати на различни сметки во банки во Велика Британија, за кои преку меѓународна правна помош е утврдено дека се сопственост на четворицата осомничени од Велика Британија. Со стореното дело осомничените се стекнале со противправна имотна корист во висина од 15.006.000 денари, на штета на правниот субјект од Радовиш“, се додава во полициското соопштение.

Би можело да ве интересира

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Двајца малолетници запалија автобус паркиран пред училиште во Радовиш