Четириесет нови јасени засадени кај Бит пазар

Од:

Од Град Скопје најавија дека есенва ќе бидат засадени 3.500 висококвалитетни листопадни садници на повеќе локации во сите скопски општини.

– За прв пат на Бит-пазар ќе има дрворед. Засадени се 40 нови здрави висококвалитетни садници од видот јасен. Мерната станица на оваа локација изминатиов период покажува висока концентрација на ПМ10 честички, а со зазеленување на овој простор ќе се влијае на намалување на загадувањето. Дополнително, со садењето дрва на оваа локација конечно ќе ги ослободиме тротоарите од возила. Приоритет оваа есен е обновување на сите постојни дрвореди во центарот на градот и подигање нови. Во Скопје по должината на градските сообраќајници и во средишните жардиниери на булеварите има речиси 500 пенушки кои ќе бидат отстранети и на нивно место ќе се засадат нови здрави садници- истакна портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.

Тој додаде дека минатата недела беше реконструиран дрворедедот на бул.Митрополит Теодосиј Гологанов каде што беа заменети 40 исечени и паднати дрвја со нови здрави висококвалитетни садници, односно со ист вид дрвја како што претходно имало во овој дрворед.

Следната недела ќе се реконструира дрворедот на улицата Франклин Рузвелт, а во наредниот период ќе се подигне нов дрворед во Ѓорче Петров – изјави портпаролот Салиху.

Сите дрвја ќе бидат засадени внимателно, грижливо, задржувајќи се на автентичните видови какви што имало засадено на тие места, велат од Град Скопје.

Оваа акција Градот Скопје ја реализира заедно со сите скопски општини кои во неа учествуваат со свои работници, механизација и садници.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он