Четириесет млади тетовци на обука за проектот „За општество без дискриминација“

Од:

Четириесеттина млади од Тетово меѓу кои и Ромки ќе поминат обука во рамки на проектот „За општество без дискриминација“ на Иницијативи за еманципација на жената Ромка – „Романо суно“, поддржан од ЕУ од градот.

Претседателката на „Романо суно“ Кефает Реџепи истакна дека главна цел на проектот е да се придонесе за намалување на предрасудите и стеротипите, а со тоа и на дискриминацијата и стигнатизацијата кон Ромите во општина Тетово и околината.

– Истовремено сакаме да постигнеме поголема информираност на ромската заедница и нејзино вклучување во процесите на одлучување на локално ниво, рече Реџепи.

Таа најави дека за состојбите со дискриминацијата по основ на етничка припадност тие ќе изготват документ што ќе ги опфати и препораките за подобрување на состојбите особено на младите Роми во областите на социјализацијата, образованието домувањето и слично.

Во рамки на проектот предвидено е во септември во период од три дена да биде организирана кампања на која ќе се промовираат добри практики за недискриминација, претставување на негативните ефекти од дискриминацијата преку флеш моб на градскиот плоштад, како и делење на повеќе локации во градот на промотивен материјал со постапки за начини на заштита од дискриминација, како и контакти од тела за заштита од дискриминација.

Би можело да ве интересира

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Забранета за пиење е водата во четири тетовски села

А1он

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии