Четири Македонци дневно умираат од загаден воздух

Од:

Според најновата анализа на Kанцеларијата на Светската банка во Македонија, како последица на загадениот воздух, по еден Македонец умира на секои шест и пол часа.

Во просек, тоа се по речиси четири умирачки дневно, или 1.350 случаи годишно, пишува весникот Дневник.

Во извештајот за октомври кој е објавен на страницата на Министерството за животна средина, стои дека скопјани биле под ризик цел месец. Надминувањата на дневната граница на ПМ10 од 50 микрограми на кубик воздух се случиле дури во 20 дена од месецот. Според законите, не смее да има дневни надминувањ повеќе од 35 пати во годината.

Највисока годишна концентрација минатата година покажала мерната станица во центарот на Скопје, 180 мг/м3. Во Велес, Битолам Kавадарци, Kуманово, Кичево и Kочани годишните концентрации се нешто пониски, од 70 до 90 мг/м3, но, и овие концентрации се двојно повисоки од дозволените, објавува Дневник.

Би можело да ве интересира

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он

Зголемен бројот на туристи

Угостителските услуги поскапи за 13,4 отсто во однос на лани

Горан Наумовски

Бугарите и Македонците живеат најкратко во регионот

Ана Ололовска