Четири лица, меѓу кои две малолетни близначки, се полесно повредени при пожар кој вчера избувнал во лифт од зграда во Струга.
Од пожарот биле затруени со ЦО2 четири лица, на кои им е укажана лекарска помош во Медицински центар Струга, по што две лица веднаш по првата интервенција се пуштени дома.
По укажаната лекарска помош, на домашно лекување биле пуштени и двете сестри близначки на возраст од 16 години.
Пожарот е изгаснат од протвпожарните екипи, а истиот настанал најверојатно од спој во електричната инсталација.