Четири лица повредени во 8 сообраќајки вчера во Скопје

Од:

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на вкупно осум сообраќајни несреќи. Во една од нив со тешки телесни повреди се здобило едно лице возач на мопед, а во три со полесни телесни повреди се здобиле три лица.

Како што информираа за МИА од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.

Санкционирани се двајца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 20 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано и тројца возачи почетници кои сториле прекршоци по разни основи.

Затекнати се и 78 непрописно паркирани возила и 14 пешаци кои поминале вон пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 94 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Денеска Одделението за превенција  при СВР Скопје, со почеток во 19:00 часот во просториите на ПСОН Кисела Вода ќе одржи сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.

Во рамки на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ООУ „Александар Македонски“ со учениците од второ одделение, кое се наоѓа на подрачјето на општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он