Четири лица потешко повредени во сообраќајка на Пониква

Од:

Четири лица се здобиле со потешки повреди во сообраќајна несреќа што околу еден часот по полноќ се случила на патниот правец од Кочани кон Пониква, во близина на месноста Аеродром.

Патничко возило со штипски регистарски ознаки излетало од коловозот во бездна длабока десетина метри.

Во возилото се превезувале две момчиња и две девојки од Штип на кои веднаш им била укажана медицинска помош, а поради сериозноста на повредите се пренесени во Клиничката болница во Штип.

Увид на местото на настанот изврши увидна екипа од полициската станица од Кочани.

Би можело да ве интересира

Три лица се повредени во украински напад со беспилотно летало врз рускиот Саратовски регион

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски