Четири години затвор за поранешниот струмички градоначалник

Од:

Поранешниот градоначалник на Струмица, Киро Јанев е осуден на четири години затвор, објави Канал 5.

Одлуката на Основниот суд Скопје 1 доаѓа по четири години години од апсењето на Јанев, кој со уште седуммина лица полицијата го сомничеше дека во период од десетина години испрале над 1 милион евра, препродавајќи го имотот на фабриката „Струмичанка“ од 72.000 квадратни метри.

Двете судијки од Струмица и Гевгелија се ослободени. За нив. според Судот, не се докажало дека ја злоупотребиле службената положба. Останатите петмина обвинети поранешни директори и управители на струмички фирми и вработени во Министерството за транспорт и врски, се осудени на 3 и по 2 години затворска казна.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица