Четири автобуси и две патнички возила вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

Од:

Полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце и од Одделението за прекуграничен криминал Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север вчера извршиле контрола на четири автобуси и две патнички возила кои вршеле меѓународен превоз на патници, информира МВР.

– При контрола на автобус со гостиварски регистарски ознаки, управуван од С.Б.(43) од Прилеп, автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.Л. од с.Челопек, тетовско, автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Д.(63) од Скопје и С.Т.(52) од с.Горно Косоврасти, дебарско и автобус со данска национална ознака, управуван од Р.С.(42) и Ш.И.(52), двајцата од с.Нераште, општина Теарце, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација, соопшти МВР.

Како што известува Министерството за внатрешни работи, исто така, при контрола во патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.М.(25) од Струмица и патничко возило – комби „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(37) од Скопје било констатирано дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он