Чествување на 18 Август – роденденот на АРМ

Од:

По повод чествувањето на 18-ти август Денот на АРМ, денеска во 10.00 часот, на Градските гробишта во Бутел, во Скопје, ќе се одржи церемонија за полагање венци и цвеќе со воени почести на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Глигоров, како и на гробот на генерал Михаило Апостолски.

Делегацијата од ГШ на АРМ ќе биде предводена од Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, а се очекува цвеќе да положат и делегации на: кабинетите на Претседателот, Собранието на Република Македонија, Владата, Министерството за одбрана, Сојузот на борците од НОВ, семејствата на поранешните претседатели на Република Македонија, на Сојузот на резервните воени стрешини на Република Македонија, и други.

Централната свеченост по повод роденденот на АРМ, ќе се одржи во 18.00 часот, пред зградата на МО и ГШ на АРМ, на која ќе се обратат претседателот на Република Македонија и врховен командант Ѓорге Иванов и министерот за одбрана Талат Џафери.
На свеченоста ќе присуствуваат: претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, министри во Владата, пратеници во Собранието, поранешни министри за одбрана и началници на ГШ на АРМ, пензионирани генерали на АРМ, високи гости од повеќе институции во Република Македонија, амбасадорите и воените аташеа акредитирани во Република Македонија и други.

По завршување на свеченоста, во чест на Денот на АРМ, од касарната „Илинден“ ќе се изврши почесна стрелба со испалување 10 плотуни од 12 артилериски орудија.
На воениот стадион во Градскиот парк во Скопје, во рамки на програмата за одбележување на Денот на АРМ, од вчера поставена е изложба на борбени средства, техника и опрема на АРМ. Изложбата ја посетија министерот Џафери и началникот на ГШ на АРМ, Котески, а денеска тоа ќе можат да го сторат граѓаните. На изложбениот простор, покрај материјално-техничките средства и борбените возила и вооружувањето на АРМ, прикажан е и борбениот хеликоптер Ми-24.

Прв пат оваа година, програмата за чествување на роденденот на Армијата, беше збогатена со концерт на воениот оркестар што се одржа вчера на плоштадот „Македонија“ во Скопје, а на кој настапија и реномирани македонски естрадни уметници.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он