Честитка за Рамазан Бајрам до ИВЗ од Комисијата за односи со верските заедници

Од:

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи им го честиста големиот празник Рамазан Бајрам на Исламската верска заедница, на Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи и на сите припадници на исламската вероисповед во Република Македонија.

– Рамазан беше месец во кој верниците заедно со своите семејства се обединуваа во својата вера, посветеност и молитва. За време на овој свет месец, граѓаните со исламска вероисповед преку искушенијата на постот се поведоа по највозвишените вредности: дисциплина, мудрост, трпеливост, воздржаност. Длабоко се надевам дека овие предизвици ја отворија можноста да се осврнете на Аллаховите благослови во Вашиот живот и истите да ги споделите со семејствата и Вашите блиски. Ви посакувам Вам како и на сите муслимани во Република Македонија многу здравје, мир и среќа, стои во честитката од директорката на Комисијата Валентина Божиновска.

Во духот на Исламот и на празникот Рамазан Бајрам, Божиновска посакува црвсто пријателство, соживот и соработка меѓу сите луѓе и заедници во Република Македонија со надеж, како што вели, дека ваквата меѓуверска и меѓуетничка соработка ќе придонесе за мир и просперитет во земјата.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

Орце Костов

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска