Честитка за Илинден од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на сите граѓани на Република Македонија им го честита најголемиот празник на нашата татковина, Илинден.

– Големиот македонски празник Илинден претставува симбол за македонската непокор, желба и одлучност на многу генерации во минатото за денес ние да живееме во слободна и независна Република Македонија. На овој ден сите Македонци ги чествуваме славните и храбрите илинденци кои го жртвувале својот живот за татковината како и мудрите и пожртвувани припадници на Народнослободителната војска кои се нераскинлив дел од модерна Македонија, се вели во честитката.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ упатува повик до сите граѓани на Република Македонија и до сите политичари да работат за зацврстување на меѓусебната почит, разбирање и сплотени сите заедно да ја чуваат државноста, сувереноста и независноста на Република Македонија.

– Сакајќи и почитувајќи ја сопствената татковина правиме сигурна и безбедна иднина за нас и за нашите идни поколенија. На сите граѓани им посакуваме овој голем ден да го поминат во среќа, радост, љубов и исполнетост со гордост бидејќи се Македонци. Нека е честит и вековит празникот, стои во честитката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина