Честитка за 11 Октомври од претседателот Ѓорге Иванов

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание во Република Македонија упати честитка до граѓаните на Република Македонија.

– На овој историски ден во 1941 со нападите на прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ врз полициската станица и затворот во Прилеп започна востанието против фашистичката окупација и беше најавена организираната народно ослободителна борба. Преку оваа борба нашиот народ на најдобар можен начин го докажа својот државотворен капацитет и право на изградба на самостојна, суверена и слободна држава. Токму со 11 октомври и НОБ застанавме на страната на антифашистичката коалиција. Македонските граѓани знаеја да го изберат доброто наспроти злото, правдата наспроти неправдата и да застанат против фашизмот како едно од најголемите зла во човечката историја, стои во честитката од претседателот Иванов.

Денес после 73 години, се подвлекува, не бледнее споменот на 11 октомври и на народно ослободителната борба, живо е сеќавањето на сите оние кои застанаа наспроти моќната фашистичка армада и го положија својот живот на олтарот на татковината.

– Победата беше извојувана со невиден хероизам, смелост, непоколебливост и саможртвување. Наследството кое ни го оставија македонските борци – слобода и мир нема да дозволиме никогаш да ни биде одземено и загрозено. На овој голем  празник уште еднаш да се потсетиме дека Македонија, била, е и секогаш ќе биде на страната на прогресот, демократијата и слободата, се вели во честитката од претседателот Иванов до граѓаните по повод 11 Октомври.

Би можело да ве интересира

Во 2025 година пет продолжени викенди

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on