Честитка од Заев по повод празникот Свети Климент Охридски

Од:

По повод големиот хрстијански и државен празник Свети Климент Охридски, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, упати честитка до сите граѓани од православна вероисповед.

Во честитката се вели:

„Во мое име и во името Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија го честитам големиот христијански празник Свети Климент Охридски на сите православни верници.

Чествувањето и почитувањето на делото на основоположникот на Охридската книжевна школа и творецот на кириличното писмо, Свети Климент Охридски, кој целиот свој живот го посветил на просветителство и описменување, е од огромно значење за зачувувањето и унапредувањето на македонската култура и цивилизациските вредности со универзално значење.

Со одбележувањето на овој ден, се потсетуваме и на суштинското значење на солидарноста и почитувањето на заедничките вредности кај луѓето.

Дела на Свети Климент Охридски не обврзуваат сите нас, патеките на меѓусебно разбирање, почитување и помагање да ги промовираме, да ги следиме и заеднички да ги поттикнуваме.“

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он