Честитка од Заев до Рама за победата на парламентарните избори во Албанија

Од:

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска упати честитка до албанскиот премиер Еди Рама за победата на парламентарните избори.

– Демократските избори во Република Албанија ја покажуваат определеноста на граѓаните на Албанија кон почитување на европските вредности, кои се иднината на државата, но и на целиот регион. Убеден сум дека ќе продолжи Вашата посветеност кон демократските и реформските процеси, според стандардите на ЕУ и НАТО, наведува Заев во честитката.

Верувам, додава Заев, дека ќе продолжи и пријателската и принципиелна соработка меѓу Република Македонија и Република Албанија преку меѓусебно почитување, разбирање и поддршка, во интерес на обезбедување квалитетен живот за граѓаните на нашите две држави, како и за развојот на стабилноста на Балканот во целина.

– Перспективите на државите од Југоисточна Европа се во Европската унија и во НАТО и со одлучноста што ја покажуваме како одговорни политичари, уверен сум дека ќе ги осигураме посакуваните и потребните европски интеграции за граѓаните на нашите држави и на регионот, напиша премиерот на Република Македонија, Зоран Заев во честитката до премиерот на Република Албанија Еди Рама.

Би можело да ве интересира

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Спиропали: Заедничката иднина на Македонија и Албанија e во ЕУ

Горан Наумовски

ВИДЕО: Хаос во албанскиот парламент, пратениците се тепаа, летаа чадни бомби и шишиња

Катерина Ѓуровски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“