Честитка од ВМРО-ДПМНЕ за Денот на Републиката – Илинден

Од:

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита Денот на Републиката – државниот празник Илинден, наведувајќи дека е најсветиот ден за македонската историја, кој во колективната македонска меморија е запомнат како ден кога е запалена и е разгорена искрата на слободата и независноста.

– Денес чествуваме 111 години од Илинденското востание и херојството на епопејата Илинденци, кои го посеаја семето на нескршливоста. Денес чествуваме јубилејни 70 години од АСНОМ, темелот на нашата државност врз кој денес ја градиме Република Македонија како современа држава, рамноправна во меѓународните односи. Илинден е денот кога си припомнуваме на хероите кои ги дадоа своите животи за  слободата и го преземаме нивниот завет. Овој ден е ден на слава и гордост, но и ден за продолжување на борбата, овојпат тоа е борбата за напредок на татковината во секој поглед, стои во честитката за Илинден од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања