Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Од:

ВМРО-ДПМНЕ на припадниците на бошњачката заедница во Република Македонија им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците – 28 Септември.

– Бошњачката зедница во Република Македонија со својата културна, јазична и етничка посебност е значаен чинител на македонскиот мултикултурен општествен мозаик. Нивниот искрен и несебичен придонес во развојот на нашата заедничка татковина секогаш бил почитуван и вреднуван од страна на сите граѓани во Македонија. Успехот во придонесот на една заедница во градењето на сопствената држава не се мери во нивната бројност, туку во нивната посветеност, индивидуален и колективен ангажман. Тоа бошњаците многупати го истакнале и потврдиле, се вели во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.

Бошњаците, се додава, се дел од македонската култура и традиција на толеранција и меѓусебно разбирање со која се придонесува за заеднички развој и градење на иднината.
– Одбележувањето на овие празници нека бидат повод за зајакнување на заедничките заложби и вредности за создавање подобро утре за нас, но и за идните генерации. Позитивната енергија која извира од празничните моменти нека ни биде водилка во подобра и попросперитетна иднина, стои во честитката од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ