Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на рударите

Од:

ВМРО-ДПМНЕ на сите рудари во Република Македонија им го честита 28-ми Август, Денот на рударските работници, со искрени желби за многу здравје и среќа.

Од партијата информираат дека ВМРО-ДПМНЕ утре во Собрание ќе предложи Предлог на Закон за остварување право на пензија за работниците во рударството со кој, како што се наведува, се предвидува значително подобрување на условите за пензионирање.

– Основна цел на овој предлог-закон е воспоставување како единствен услов за остварување право на старосна пензија за вработените во рударството да биде пензискиот стаж, со што ќе се овозможи за овие вработени правото на пензија да го остварат порано од останатите категории на работници, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата до сите рударски работници упатуваат честитки и за големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица и им посакуваат добро здравје, спокој, радост, мир и благосостојба во секој дом.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела