Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на народното востание

Од:

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честита државниот празник, Денот на народното востание, 11 Октомври.

– Македонија пред 73 години обединето се крена за своја национална слобода и за своја државност.Мотивот за народното востание беше свет, да се избори слободата, вечниот стремеж на генерации македонски херои. Саможртвата и идеалите на борците се должни за почит и од нас и од сите идни поколенија, но и завет да ја продолжиме нивната голема мисла и дело, стои во честитката од ВМРО – ДПМНЕ.

По повод Денот на народното востание, во честитката од ВМРО – ДПМНЕ се посочува дека 11 Октомври беше  и останува еден од симболите на македонскиот непокор. Сонот за слобода на татковината кој живееше со векови се разгори во општонародна борба до конечната цел, извојување на победа, слобода и  достоинство на нашиот народ, стои во честитката од ВМРО – ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ