Честитка од Вељаноски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Од:

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска на припадниците од бошњачката заедница им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците.

Во честитката Вељаноски им посакува празнично расположение, исполнето со многу здравје, успех и просперитет.

– Припадниците на бошњачката заедница се значаен дел од Република Македонија, и со одбележувањето на овој ден се афирмира идентитетот и културата на оваа заедница која е дел од нашето мултиетничко општество. Убеден сум дека заедничка ни е определбата да работиме на почитување на различните етнички и религиски специфики, и да продолжиме да ги негуваме и надградуваме со цел подобрување на севкупната положба и квалитет на живеење на сите граѓани во Република Македонија, се наведува во честитката.

Вељаноски истакнува дека Република Македонија се стреми кон демократска, економски развиена и модерна држава во која сите граѓани ќе создаваат дела и вредности од траен карактер, а со тоа подобра иднина на сите генерации кои ќе следат.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците