Честитка од СДСМ за Денот на Републиката – Илинден

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев во негово лично име и во името на СДСМ, на сите граѓани на Република Македонија им го честита одбележувањето од 111 години од Илинденското востание и 70 години од првото заседание на АСНОМ.

„Овој свет датум е вечен потсетник на темелите на македонската државност. Денеска им оддаваме почит на нашите херои кои го дале својот живот за слободна и независна Македонија, дом за сите граѓани кои живеат тука.

Денес, повеќе од кога и да е , имаме потреба да ја вратиме слободата на духот, креативната движечка сила која единствено носи напред. Слободата и идејата по која копнееле и се бореле илинденците, годинава, на 70 годишнината од АСНОМ, да ја насочиме кон создавање општество на слободни граѓани кои без разлика на својата верска и национална припадност , ќе разменуваат идеи, мисли и визии и со тоа ќе градат подобро утре, за што сонувале и предците, а го заслужуваат нашите поколенија.

Денешниот ден нека не биде само бележник, туку и мотив, сите да се свртиме кон заедничка иднина, достоинствен дом во кој има место за сите.

Нека ни е честит големиот празник Илинден со надеж дека Македонија конечно ќе успее да направи исчекор интегрирајќи се во евро–атлантските асоцијации што ќе придонесе на поквалитетен живот на сите граѓани чиј дом е Македонија“, се вели во честитката на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“