Честитка од претседателот Иванов по повод Свети Сава

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати честитка до припадниците на српската заедница во земјава по повод празникот Свети Сава.

-Ми претставува особено задоволство да ви го честитам големиот празник Свети Сава и да ви посакам здравје, радост, мир и благосостојба. Чествувањето на денешниот празник, 27 јануари – Денот на првиот српски архиепископ и просветител е порака за заедништво, почит и меѓусебна соработка. Свети Сава за српскиот народ е непресушен извор на вера, надеж и љубов кон Бога и патоказ кон иднината, се вели во честитката од Иванов..

Припадниците на српската заедница со своите јазични, етнографски и културни особености, се додава, го збогатуваат нашето мултиетничко и мултикултурно општество постојано придонесувајќи за напредокот на Република Македонија.

-Благодарение на српската заедница во Република Македонија како и на македонската во Република Србија, во нашиот северен сосед имаме пријател и поддржувач. Уверен сум дека и во иднина заеднички ќе продолжиме да работиме во интерес на сите наши граѓани, сè со цел подобра и посветла иднина. Нека Ви е честит големиот празник!, се потенцира во честитката од претседателот Иванов по повод празникот Свети Сава.

Би можело да ве интересира

Одржана Светосавска академија по повод националниот празник на српската заедница во Македонија

Српскиот патријарх Порфириј на Светосавската академија во Скопје

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Честитка на генералниот секретар Зечевиќ по повод Свети Сава

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ