Честитка од претседателот Иванов по повод еврејскиот празник Јом Кипур

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод одбележувањето на најсветиот еврејски празник Јом Кипур, упати честитка до претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо-Николиќ и до сите припадници на Еврејската заедница во Македонија.

– Дозволете ми во име на граѓаните на Република Македонија, како и во мое лично име, Вам и на сите припадници на Еврејската заедница во Република Македонија да Ви посакам одбележувањето на Јом Кипур да го минете во духовен мир, молитва и надеж. Јом Кипур е најсветиот ден во Еврејскиот календар, ден на покајанието пред Бога, простувањето, помирувањето и милосрдието.

Во оваа свечена пригода сакам да го нагласам големиот придонес што Еврејската заедница го давала, и уверен сум, ќе продолжи да го дава за нашиот заеднички дом, Република Македонија.

Упатувајќи Ви Вам и на припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија желби за благословен Јом Кипур, Ве молам да ги примите изразите на моето почитување, се вели во честитката од претседателот Иванов.

Би можело да ве интересира

Во 2025 година пет продолжени викенди

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on