Честитка од претседателот Иванов по повод Меѓународниот ден на Ромите

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска упати честитка до припадниците на ромската заедница во Република Македонија по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 април.

– Република Македонија се гордее со припадниците на ромската заедница кои се нераскинлив дел од македонското општество и со степенот на права кои ги уживаат како пример за целиот свет. Во нашата земја Ромите имаат можност да се образуваат на својот мајчин јазик, да ја развиваат својата култура и традиции, да гласаат за своите партии и кандидати, и да бидат претставени во сите институции на државата, се вели во честитката на Иванов.

Процесот на натамошно подобрување на социјалната и економска положба на Ромите, според претседателот, не запира и бара секојдневни активности и максимален ангажман. Бидете убедени дека во институцијата Претседател и во мојата личност имате посветен и верен поддржувач на овој процес.

Во честитката е наведено дека 8 април е ден кој со гордост го прославува најголемото етничко малцинство во Европа и кој е убава можност да се афирмира историјата и културата на Ромите, но и да се проговори за актуелните предизвици со кои се соочуваат.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on